Ниту италијанскиот производител Ferrari не е имун на коронавирусот. Раководството на компанијата донесе одлука за прекин на производството до 27 март годинава. Како што соопштуваат оттаму, компанијата и натаму ќе продолжи да ги плаќа вработените кои сега ќе бидат на принуден одмор.
И покрај одличниот прв месец годинава во однос на продажбата со што се продолжува трендот од минатата година кога Ferrari пласираше нешто над 10 илјади возила, сега италијанскиот производител ќе мора да направи пауза што сигурно ќе се одрази врз продажните перформанси.
Веќе биле испратени известувања до купувачите кои чекаат достава дека поради вирусот испораката ќе биде одложена на неопределено.
Инаку на ист ваков потег претходно се одлучи и Lamborghini, конкурентнот на Ferrari кој го стопираше производството до 25 март.