Ferrari го најави хиперавтомобилот со кој ќе се трка в година на Леман

ОБЈАВЕНО НА:

Трката на издржливост „24 часа Леман“ заврши вкендов со триумф на Toyota, но италијански Ferrari веќе гледа напред кон иднината бидејќи го најавуваат автомобилот што треба да ги врати на врвот на мотоспортот. Барем така мислам тие.

Едноставно познат како Ferrari LMH во овој момент, тркачкиот автомобил е „непогрешливо“ Ferrari бидејќи се одликува со истакнати атрибути кои се карактеристични за сите возила на „црното коњче“.

Тешко е да се забележат дополнителни детали, но автомобилот има тенки LED светлосни единици и истакнат сплитер од јаглеродни влакна. Ferari не кажа многу за автомобилот, но забележа дека тркачот „покажува силни дизајнерски референци за стилските карактеристики што ги разликуваат моделите во палетата на „Prancing Horse“.
Производителот на автомобили додаде дека развојното тестирање ќе започне во наредните недели, пред моделот да влезе во конкуренција на патеката следната година.

Следната 2023 година има многу значење бидејќи Ferrari последен пат се натпреваруваше во врвната класа на Леман во 1973 година. Како резултат на тоа, марката ќе се врати на трката по пауза од 50 години и точно на време за стогодишнината од трката.

Ferrari првично го најави своето враќање во 2021 година, кога ги открија плановите за програма за хиперавтомобил на Леман (LMH). Во тоа време, компанијата соопшти дека одлуката е донесена по внимателно проучување и анализа. Производителот на автомобили, исто така, забележа дека развојот веќе е во тек, бидејќи тие ја поминаа 2021 година со симулации и работејќи на дизајнот на автомобилот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK