Неверојатно и за не верување, но легендарно Ferrari 250 GTO е продадено за неверојатни 80 милиони американски долари со што е најскапо продадениот автомобил во историјата.
Како што пренесува Дејли Експрес, овој автомобил настапувал на Le Mans во 1963 каде забележал одлични резултати, а исто така година подоцна бил дел и од Tour de France каде исто така остварил одлични резултати.
Инаку купувачот на овој автомобил е Дејвид Мекнил кој е извршен директор на WatherTech, а кој веќе поседува неколку други класични Ferrari автомобили.
https://youtu.be/dMwK7gVKWSc
Од друга страна Марсел Масини добар познавач на Ferrari смета дека овој модел без проблем може да биде продаден и за 100 милиони долари во наредните неколку години, па оттука не е јасно дали МекНил го купил овој автомобил за да заработи на него или само од филантропски поводи.