Фелипе Маса доби болид за пензионирање

ОБЈАВЕНО НА:

По 15 години натпреварување, Фелипе Маса ја напушта Формула 1, и трката во Абу Даби беше негов последен настап во кариерата. Тимот за кој настапуваше, Williams Martini Racing му даде убав подарот за да се сеќава на нивната соработка.

Како гест на добра волја, но и за изразување почит кон досегашната соработка Williams ќе му до даде болидот со кој Маса се тркаше, односно FW38 со кој настапи пред две недели во Бразил.

Во многу ретки случаеви тимовите им подаруваа вакви нешта на своите возачи. Само Renault на Михаел Шумахер и на Фернандо Алонсо има ги подари болидите со кои двапати ја освојуваа светската титула. Џенсон Батон кој исто така сезонава замина во пензија, имаше проблеми да го одбие ветениот болид од Mercedes откако стана светски првак со тимот на Brawn GP.

Interlagos, Sao Paulo, Brazil.Friday 11 November 2016.Felipe Massa, Williams FW38 Mercedes.Photo: Glenn Dunbar/Williamsref: Digital Image _R3I6232
Interlagos, Sao Paulo, Brazil.Friday 11 November 2016.Felipe Massa, Williams FW38 Mercedes.Photo: Glenn Dunbar/Williamsref: Digital Image _R3I6232

За неговата последна трка пред домашна публика, Williams Martini Racing изработи специјален дизајн заменувајќи го името Martini со Маса, заедно со зборот Obrigado (благодарам на португалски) на задниот дел од крилото.

Маса дебитираше во Ф1 во 2002 година за тимот на Sauber. Доби покана од Ferrari во 2006 година, а последните три ги мина во Williams. Никогаш не стана светски првак, а беше дел од тимот што на Ferrari му донесе две титули кај конструкторите, возејќи заедно со Кими Раиконен. Бразилецот има и 11 Гран при победи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK