Фејслифтот на првата генерација на SEAT Arona доаѓа уште годинава. Доказ за тоа се и фотографиите кои се појавија на интернет, а се однесуваат на фејслифтот на овој автомобил.
Од фотографиите може да се заклучи дека Arona доаѓа со минимални естетски измени. Единствено забележителни се новите браници како и подновените LED светла. За очекување е во понудата да дојде и со нови бои како и нови фелни. Во однос на внатрешноста таа останува иста, но ќе бидат понудени нови седишта.
Во понудата остануваат истите мотори. Така купувачите и натаму може да одбираат помеѓу двете верзии на 1,0 литарскиот TSI мотор како и 1,5 литарскиот TSI мотор со 148 КС. Во понудата останува и 1,6 литарскиот TDI мотор кој продуцира максимални 94 КС.
Во производство влегува кон крајот на оваа година, а ќе се произведува во Марторел, каде започна и да се произведува во 2017 година.