Feher ACH-1: Kлима уред во кацига додека сте на мотоцикл (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Како да ја изладите главата во кацига додека се возите на мотоцикл? Со клима уред? Но каде да се стави, или, пак… Идејата не е нова, многумина се обиделе во нејзината реализација, но малку на кого му успеало да ја конструира и да ја изработи, а во сериско производство да се пренесе конечното решение на ладење на кацигата на мотоциклистот и тоа ни повеќе ни помалку туку со клима уред инсталиран на самата кацига.

Стив Фехер сакаше по топлите и жешки денови да му овозможи на секој мотоциклист да ја излади главата во кацига додека се вози со мотоцикл и изгледа дека му тргна од рака. Ја претстави кацигата Feher ACH-1 која има вграден клима уред, а со користење на најнова технологија овозможи многу поудобно возење на мотоциклот. Произведувачот Feher Helmets тврди дека оваа кацига обезбедува најмалку за 10 до 15 степени пониска температура во кацигата во однос на надворешната температура.

Добрите денешни кациги имаат совршен состав на вентилација, но ниту тие не се во можност да ја разладат кацигата, но различни решенија за замрзната вода во шишиња на градите или коцки мраз во пластика на врат не се практични, ниту ефикасни, а ниту практични решенија за ладење. Затоа компанијата Feher Helmets искористи минијатурен клима уред кој се користи за разладување на седиштата во супер луксузните автомобили како што се Rolls-Royce, Bentley, Ferrari, Lexus… Таквита минијатурна разладна единица е прилагодена и ставена на страничниот дел на кацигата (фотографија и видео).

Интересно е како не се користи при тој вентилатор. Има мала термоелектрична пумпа на страничниот дел на кацигата и така ја смалува температурата и влагата во воздухот пред истиот да „проциркулира“ околу главата минувајќи меѓу надворешната школка на кацитата и внатрешната постава. притоа нема опасност да се настине главата како да сте фрлиле на неа сладолед. Сепак, освен ладењето, оваа кацига со клима уредот е корисна и против замаглување на визирот бидејќи го суши воздухот, па визирот не се замаглува, што инаку многу им смета на мотоциклистите во светот.

И покрај дополнителниот уред кацигата не е претешка, но има вкупна маса од 1.450 грама. Уредот за работа користи акумулатор од 12 волти кој има мотоцикл, а со него е поврзан со кабел. Сигурно делува дека оваа кацига чини цело богатство. Сепак, компанијата Feher Helmets ја продава оваа кацига со големини од XS до 2XL по цена од 549 долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK