FCA со загуба од 1,7 милијарди евра за првите три месеци годинава

ОБЈАВЕНО НА:

FCA објави лош финансиски перформанс за првите три месеци годинава. Според финансиските извештаи за првите три месеци од годината, италијанско-американската компанија оствари загуба од 1,7 милијарди евра.

За споредба, во истиот овој период минатата година овој производител беше во плус од 619 милиони евра.

Овој лош перформанс е остварен пред кризата предизвикана од пандемијата од коронавирусот па се очекува за второто тримесечије оваа загуба да биде зголемена. Инвеститорите се загрижени и не очекуваат FCA да ја заврши годинава со плус.

Истовремено, првиот човек на FCA, Мајк Менли изјави дека коронавирусот и сите останати случувања во автомобилската индустрија не се пречка за продолжување на процесите за спојување со PSA Групацијата и очекува истото да биде завршено според планот т.е. до почетокот на следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK