Fiat Chrysler Automobiles (FCA) ја збогатува својата понуда претставувајќи го новиот, 1.3 литарски бензински мотор кој располага со 180 КС. Воведувањето на овој мотор доаѓа со цел да се збогати понудата на бензински мотори кои полека, но сигурно го заземаат местото на дизелските, пред се поради строгите регулативи во поглед на емисијата на издувни гасови.
Овој мотор располага со четири цилиндри и продуцира 180 КС при 5.750 обртаи во минута. Точната кубикажа изнесува 1.332 см3, а во зависност од повеќе параметри, со овој мотор ќе може да се достигне максимална брзина од 201 км/ч. Ова особено важи за моделот Jeep Renegade кој прв во понудата на FCA е понуден со овој мотор.
Во наредниот период и останатите автомобили, особено Fiat 500X, Fiat Tipo, Jeep Compass се очекува да дојдат во понудата со овој мотор.