FCA подготвува plug-in изведба на Renegade

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Autmobiles потврди дека започнуваат со подготовки за производство на plug-in хибридна изведба на моделот Jeep Renegade. Оваа потврда доаѓа откако во јуни годинава седмиот најголем производител објави дека ќе инвестира 9 милијарди евра во електрификација и хибридизација на автомобили во наредните пет години. Со ова Renegade е вториот модел во FCA по Fiat 500 кој добива ваков вид на погон.

Хибридната изведба на Renegade се очекува во продажба да се појави на почетокот на 2020 година, а производството ќе се одвива во производствениот погон во Мелфи, на југот на Италија.  Во недостаток на информации, она што е сигурно е дека хибридната изведба ќе дојде заедно со новата, втора генерација на Renegade. Првата генерација на овој модел се појави во 2014 година и засега одличо котира во поглед на продажбата во САД.

Стратегијата која ја најави сега починатиот Серџо Маркијоне, предвидува FCA до 2022 година да лансира 12 електрични моделски изведби. За таа цел, покрај иницијалната инвестиција, предвидени се и повеќе од 200 милиони евра за развој и доусовршување на моторите. Според последните вести од FCA, електрификацијата во најголем дел ќе биде насочена кон брендовите Jeep и Maserati.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK