Fiat Chrysler Automobiles активно се вклучува во борбата против коронавирусот и тоа преку производство на заштитни маски.
Производството на овие маски ќе започне во фабриката на FCA во Кина, а планирано е месечно да се произведуваат и до 1 милион маски.
Производството треба да стартува следниот месец, а Блумберг повикувајќи се на мејл коресподенцијата на Менли со вработените во FCA наведува дека истите овие маски ќе бидат донирани во САД.
Претходно, Fiat заедно со Ferrari објавија дека ќе се вклучат во производството на респиратори.