FCA донесе одлука моделот Fiat Strada да го продава во Северна Америка, но под брендот на RAM. Оваа вест ја потврдија од FCA при што се објавени и првите фотографии од моделот кој Ram ќе го продава како 700 наместо Strada.
Оваа практично значи дека само четири месеци по премиерата на втората генерација на Strada, овој модел ќе ги освојува Мексико, САД и Канада под брендот на Ram.
Ram 700 идентично како и Fiat Strada ќе биде достапен во две верзии: со единечна кабина и со двојна кабина. Тука се и трите пакети опрема: SLT, Big Horn и Laramie, а купувачите ќе имаат избор помеѓу 1,4 Fire Evo мотор со 85 КС и 118 Nm и 1,3 Firefly турбо мотор со 99 КС и 128 Nm .
Инаку моделот Strada е еден од најпродаваните пикапи во Бразил. Првата генерација под кодното име е Tipo 278 е лансирана во 1996 година, дизајниран од Џорџето Џуџаро.
Во Африка изминатите години овој модел се продаваше под брендот на Nissan додека во Европа никогаш не бил дел од понудата на италијанскиот производител.