Сите италијански и француски медиуми пренесоа дека челниците на Fiat Chrysler и Renault преговараат околу воспоставување на партнерство. FCA веќе подолго време се поврзува со најразлични партнерства, а последните шпекулации беа поврзани со спојување со PSA Групацијата, но истите беа брзо демантирани.
Мајк Менли, извршниот директор на италијанско-американската компанија во март за угледниот Financial Times изјави дека доколку партнерството има за цел засилување и подобрување на позициите на FCA тогаш тие (FCA) апсолутно ќе ја разгледаат секоја понуда внимателно.
Засега не е познат начинот на спојување и бизнис моделот кој ќе се употреби. Доколку FCA се приклучи на алијансата во која покрај Renault егзистираат и Nissan и Mitsubishi тогаш новата компанија ќе прерасне во убедливо најголем светски производител на автомобили.