FCA ги затвори фабриките во Италија, Крагуевац и Полска

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) презеде драстични мерки за поголемиот дел од своите европски производствени погони со најавување на затворање на неколку објекти во три земји.

Одлуката e мотивирана од пандемијата на коронавирус која се шири како шумски пожар во Европа. Во соопштението за медиумите објавено на 16 март 2020 година, производителот на автомобили потврди дека неговите подружници FCA Italy и Maserati привремено ќе го прекинат производството во погоните во Мелфи, Г. Вико (Помиљано), Касино, Мирафиори, Груљaско и Модена во Италија.

Во исто време, фабриките во Крагујевац во Србија и Тајчи и Полска, ќе донесат идентични мерки кои ќе останат во сила до 27 март.

„Привремениот прекин продолжува со имплементација на сеопфатен сет на активности како одговор на итноста во врска со COVID-19 и овозможува Групацијата ефикасно да одговори на прекинот на побарувачката на пазарот преку обезбедување на оптимизација на снабдувањето“, објави FCA. „Особено прекинот на производството, за да се овозможи Групацијата да биде подготвена да започне со производство веднаш штом ќе се дозволат условите на пазарот“.

Ова е најновиот сет на мерки преземени од страна на FCA во услови на ново појавување на вируси, a Групацијата веќе ги измени производните протоколи во повеќе фабрики. Протоколите вклучуваат социјално растојание на вработените на работни места, зголемено чистење и дезинфенција и засилени контроли и безбедност во кантините. Опцијата за далечинско работење е достапна за вработените низ целиот свет, каде е можно.

Ferrari и Lamborghini привремено го прекинаа производството во Италија, како одговор на избувнувањето вирусот, чие појавување и распространетост е најголемото на глобално ниво после Кина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK