FCA ги намали платите за 20 отсто – на директорите за 50 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Fiat Chrysler Automobiles (FCA) привремено ќе ги намали платите на вработените низ целиот свет за 20 проценти во обид да избегнат да се отпуштаат работници во време на пандемијата на коронавирус, пренесува „Детроит њуз“. Истовремено членовите на Извршниот борд на FCA ќе имаат уште 30 отсто намалување на нивната плата.

Главниот извршен директор на FCA, Мајк Манли во писмото упатено до вработените и објавено од медиумите вели дека намалувањето на платата ќе започне од 1 април и може да трае до три месеци. Производителот на автомобили ќе им ги врати на своите вработени изгубените средства најдоцна до 15 март 2021 година.

Манли додаде дека почнувајќи од 1 април, тој ќе добие половина од неговата нормална плата за следните три месеци. Покрај тоа, другите 19 членови на FCA ќе имаат намалување од 30 проценти во истиот временски период, додека претседателот на FCA Групацијата, Јохан Еклан и другите членови на одборот на директори нема да добијат надомест за остатокот од годината.

Производителот на автомобили затвори голем број на производствени погони ширум светот, како резултат на појавата на „Ковид-19“. Во САД и Канада, производствените капацитети ќе останат без работа најрано до 13 април. „Детроит њуз“ додава дека мнозинството од 53.800 вработени во светот на FCA ќе бидат погодени од прекин.

Потегот на FCA го имитира она што го објави General моторс минатата недела. Автомобилскиот производител од Детроит привремено ќе намали 20 проценти од платата на 69.000 лица и ќе им ги врати во паушална сума без камата најдоцна до 15 март 2021 година, јавува Си-Ен-Би-Си.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK