Во ноември минатата година Honda ја спроведе онлајн премиерата на прототип верзијата на целосно новата генерација на Honda Civic. Потоа беа претставени и неофицијални рендери од изгледот на продукциската верзија, а сега се појавуваат и првите шпиунски фотографии.
Станува збор од фотографии кои се направени за време на јавното тестирање на овој модел во Австрија, а истите ексклузивно беа објавени од страна на Autocar. Секако, од истите не може да се утврди крајниот изглед поради маскираната каросерија.
Премиерата на сериската верзија треба да се случи уште оваа пролет, а во производство ќе се појави кон крајот на годината. Засега останува нејасно каде ќе се прозиведува овој модел, особено по потврдувањето на информацијата дека јапонскиот производител ќе ја затвори фабриката во Свиндон (Велика Британија) каде се произведуваше досегашната генерација на Civic.
Под хаубата ќе дојде со 1,5 литарскиот турбобензински мотор, а тука ќе биде и 1,0 литарскиот VTEC турбобензински мотор. На поедини пазари се очекува да бидат понудени и 1,6 литарски, 1,8 литарски и 2,0 литарски.