На почетокот на овој месец беше најавено дека на специјален настан кој ќе се одржи во Минхен, BMW, на 25 јуни премиерно ќе ја претстави Gran Coupe изведбата на серија 8.
Сепак во пресрет на премиерата на интернет се појавија неколку шпиунски фотографии од овој автомобил товарен на камион.
Очекувано, дизајнот е во целост идентичен како и основната верзија на серија 8. Она што може лесно да се забележи е поголемото меѓуоскино растојание, а поголема е и вкупната должина.
Во однос на моторите во понудата, тука нема никаква разлика како и основната верзија. Тоа значи дека ќе бидат достапни истите мотори, а централно место ќе зазема 3.0 литарски шест цилиндричен турбо дизел мотор кој развива 320 КС како и 4.4 литарскиот twin-turbo V8 бензински мотор со 530 КС.

Следете не и на:

