„Фатен“ новиот Mercedes GLA

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појави фотографија од новата генерација на компактниот кросовер на Mercedes, моделот GLA.

Иако замаскиран, од фотографијата може јасно да се забележи дека кај новата GLA е применет новиот, препознатлив дизајнерски јазик применет кај A класата како и CLA моделот. Тука пред се мислиме на предната маска како и предните светла. Идентична се очекува да биде и внатрешноста каде ќе доминира големиот екран осетлив на допир како и новиот мерцедесов инфотејнмент систем.

Од претходно е познато дека втората генерација на GLA се темели на MFM архитектурата, истата онаа која се користи и кај новите генерации на А класата, Б класата како и CLA.

И оваа, нова генерација се очекува да продолжи да се произведува во фабриките во Германија, Индија, Тајланд и Бразил, а производството се очекува да започне кон крајот на оваа година откако претходно, во септември, ќе биде направена и светската саемска премиера на саемот во Франкфурт.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK