Фатен “голиот” Skoda Enyaq

ОБЈАВЕНО НА:

Популарниот магазин за автомобилизам Motor1 објави шпиунска фотографија од моделот Enyaq. Овој прв, целосно електричен SUV на Skoda требаше премиерно да биде претставен на саемот во Женева, но по одложувањето не е познато кога и каде ќе се одржи светската премиера.

Екстериерно, од дизајнерска гледна точка овој модел е инспириран од останатите SUV модели на Skoda, со мала рестијализација на предната маска и светла. Се темели на MEB платформата која во целост е развиена од Volkswagen Групацијата и се користи кај бројни модели кои се продаваат под брендовите дел од оваа Групација.

Повеќе технички карактеристики се очекува да бидат познати на премиерата, но од чешкиот производител потврдија дека со овој модел започнува новата фаза од делувањето на Skoda кое ќе биде проследено со бројни електрични модели.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK