Фатална грешка: Полицаец предизвика индидент при брзина од 175 км/ч (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Прекршител на законот, кој управувал пикап возило, го загубил својот живот, додека полицаецот кој исто така бил дел од сообраќајната несреќа минал само со повреди. Ова се случило при претекнување во САД. Вниманието на полицијата било привлечено од пикап Rаm 1500, кој поминал на црвено, а потоа не застанал на полицијата.

Потерата траела 17 минути, а завршила со инцидент. Откако возачот на пикапот излегол во надворешната лената со висока брзина и создал закана за другите учесници во сообраќајот, полицијата се решила да изврши таканаречен „полициски зафат“ при што при потерата се обиделе да го преврти возилото со удар во задниот браник.

„Да го стигнеме и да го запреме. Тој влегува во надворешната лента“, тоа е заповедта која ја добива полицаецот од претпоствените. Полицаецот Мајкл Шон Елис, кој управува Dоdgе Сhаrgеr, влегува од десната страна на пикапот и го удира со брзина од 175 км/ч. За миг возилото на прекршителот на законото се превртува и паѓа во дупка отстрана на патот, а полицискиот автомобил излетува над него.

Зад воланот на пикапот бил 34 годишен локален жител, кој загинал од повредите добиени при несреќата. Полицаецот е пренесен во болница со повреди опасни по живот. Ова е знак дека треба да се биде повнимателен, но и да се види дали полициските патроли реагираат правилно на патот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK