Фановите на SEAT го избраа Tarraco за име на новиот SUV

ОБЈАВЕНО НА:

SEAT Taracco е името на третиот SUV на Seat. Во завршната фаза од online кампањата #SEATseekingName учествуваа 146,124 фанови на SEAT од 134 земји

Името Tarraco, како и останатите три предлози кои дојдоа до финалето, се во согласност со вредностите на Seat и совршено го опишуваат карактерот на новиот модел. Tarraco е старото име на каталонскиот град Тарагона, а како најстара римска населба на Пиринејскиот полуостров, овој град бил еден од поголемите метрополи во Шпанија за време на Римското царство. Овој медитерански град e познат по културата, младешкиот дух, историјата и архитектурата, а тоа се вредностите со кои се поистоветува SEAT и кои ги пренесува на сите свои возила.

Tarraco е првото име што SEAT го избира како име за свој нов автомобил преку гласање, а пак 14-то име на шпанско место што се користи за модел на оваа марка. Изминаа веќе 36 години од првиот модел на SEAT наречен според шпански град. Тоа беше моделот Ronda во 1982-ра година. Од тогаш уште 12 модели своите имиња ги добија според места во Шпанија, а тоа се: Ibiza, Malaga, Marbella, Toledo, Inca, Alhambra, Cordoba, Arosa, Leon, Altea и двата најнови Ateca и Arona.

Во првата фаза на иницијативата #SEATseekingName од фановите на SEAT беа примени вкупно 133.332 предлози од 106 држави, а предложени беа 10.130 различни имиња на шпански места во склад со насоките кои што ги дефинираше брендот. Во следната фаза од строгата постапка, предлозите беа оценувани врз основа на лингвистички и правни критериуми, а експертите се осигураа името да биде во склад со вредностите на SEAT и карактеристиките на новиот модел.

Потоа, во пазарите каде SEAT најмногу продава автомобили беа формирани фокус групи кои ги избраа 4-те финалистите: Alboran, Aranda, Avila и Tarraco. Од тој момент беше отворено гласањето за сите фанови на SEAT за да го дадат гласот за својот фаворит.

Со новиот SEAT Taraco, компанијата го засилува своето присуство во SUV сегментот каде веќе ги има Ateca и Arona. Офанзивата на шпанскиот бренд започна во 2016-та со претставувањето на Ateca и продолжи во 2017-та со редизајнот на Leon, петтата генерација на Ibiza и новиот Arona кросовер. SEAT Tarraco ќе биде промовиран на крајот од оваа година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK