Digitale Grundsteinlegung der „Factory 56“ im Mercedes-Benz Werk Sindelfingen (von links nach rechts): Michael Bauer, Standortverantwortlicher des Mercedes-Benz Werks Sindelfingen und Leiter der Produktion, Dr. Nicole Hoffmeister-Kraut, Ministerin für Wirtschaft, Arbeit und Wohnungsbau des Landes Baden-Württemberg, Markus Schäfer, Mitglied des Bereichsvorstands Mercedes-Benz Cars, Produktion und Supply Chain, Dr. Bernd Vöhringer, Oberbürgermeister der Stadt Sindelfingen und Ergun Lümali, Betriebsratsvorsitzender des Werks Sindelfingen. Mercedes-Benz Cars präsentierte mit der digitalen Grundsteinlegung die modernste Automobilproduktion der Welt.Digital laying of the cornerstone at the Mercedes-Benz Sindelfingen plant (from left to right): Michael Bauer, Site Manager Mercedes-Benz Werks Sindelfingen plant and Head of Production, Dr. Nicole Hoffmeister-Kraut, Minister of Economics, Work and Housing Construction of Baden-Württemberg, Markus Schäfer, Member of the Divisional Board of Mercedes-Benz Cars, Production and Supply Chain, Dr. Bernd Vöhringer, Lord Mayor of the City of Sindelfingen, and Ergun Lümali, Chairman of the Mercedes-Benz Sindelfingen Works Council. With the laying of the digital cornerstone Mercedes-Benz Cars presented the most modern car production in the world.

Factory 56 – фабрика на Mercedes каква досега не е видена

ОБЈАВЕНО НА:

Од Mercedes-Benz Cars објавија дека компанијата почнува со градење на фабрика каква до овој момент немало. Од компанијата коментираат дека Factory 56 Ќе биде најмодерното место за производство во светот. Речиси комплетниот процес ќе биде дигитализиран, а целта е да преземат флексибилни решенија за производство и да биде направено воведување на идејата за еколошки одговорни процеси, вклучувајќи и интерграција на фотоволтни инсталации на таванот на комплексот.

Factory 56 планира да постави нови стандарди во производството на автомобили, кога ќе почне да функционира во 2020 година. Во комплексот, кој ќе биде позициониран на територијата на Mercedes-Benz во Зинделфинген ќе се произведуваат модели од високата и луксузната класа, а меѓу нив ќе биде и новата генерација на S-Class, електромобилите и робо-такси возилата, како и првиот целосно електричен автомобил на Mercedes-Benz- EQ.

Од Mercedes-Benz ставаат акцент и на тоа дека производствениот процес во Factory 56 ќе биде силно дигитализиран и соодветно поврзан, а направените автомобили ќе ја напуштаат линијата и ќе се насочуваат кон товарните станици комплетно автономно.

Самиот процес на производството ќе биде автоматизиран, а неопходните елементи ќе се транспортираат со помош на DTS (Driverless Transport Systems) транспортниот систем, а логистичката програма ќе гарантира непрекинатост во целиот процес.

Во однос на работиците од Mercedes-Benz ветуваат дека ќе работат во одлични услови и ќе имаат оптимално олеснување на работата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK