Фабриките за автомобили од В.Британија ќе прават респиратори

ОБЈАВЕНО НА:

Владата на Велика Британија одлучи да се насочи кон автомобилските компании на островот со барање за почеток на производство на апарати за помош при дишењето. Претседателот на Владата, Борис Џонсон ќе се сретне со претставници на Rоlls-Rоyсе, Fоrd, Hоndа и JСB, за да се увери во можностите за покривање на тешкиот дефицит на медицинските машини за спасувње на живот.

Во моментов Велика Британија располага со околу 5.000 респиратори, но пикот на епидемијата на корона вирусот во оваа земја допрва претстои и се очекува потреба од машини за помош при дишењето да стане сè попотребна. Според британските експерти меѓу 10 и 20 проценти од заразените ќе имаат потреба од интензивно лечење, а многу од нив и од механичка помош за дишењето.

Сè уште не е сосема јасно дали производствените линии за правење на автомобили би можеле да бидат пренасочени за производство на апарати за помош при дишењето, како и тоа дали самите компании располагаат со квалификувани кадри за остварување на целта. Истот така е непознато дали ќе можат да организираат доставувње на неопходните компоненти во предвидениот термин.

Автомобилската индустрија на Велика Британија има искуство со промена на намента на  произвдството. Во текот на Втората светска војна прочуените истребувачи Spitfirе беа правени во фабрки за автомобили.

Ferrari и Fiat ќе прават респиратори како помош во борбата со коронавирусот

Следете не и на:

24AUTO NETWORK