Ф1 во хаос: Тимот на McLaren се откажа од ГН Австралија – имаат член позитивен на коронавирус

ОБЈАВЕНО НА:

Тимот на McLaren, поранешниот светски првак во Формула 1 потврди дека се откажува од првата трка сезонава што беше закажана за викендов во Австралија, откако член на тимскиот персонал бил позитивен на тестот за коронавирус.

Членот на тимот беше тестиран и самоизолиран веднаш штом започнаа да покажува симптоми и сега ќе бидат третиран од локалните здравствени власти“, се вели во соопштението на McLaren.

„Тимот се подготви за оваа можна ситуација и во тек е постојана поддршка за својот вработен кој сега ќе влезе во период на карантин. Тимот соработува со соодветните локални власти за да им помогне на нивните истраги и анализи“.

Возачот на Mercedes и актуелен шампион на Ф1, Луис Хамилтон претходно изјави дека е „шокантно“ што првата Ф1 трка оди споре дпланот, во исто време кога се откажаа безброј спортски настани низ целиот свет и американскиот претседател Доналд Трамп ги затвори границите на својата земја на патниците од ЕУ.

„Јас сум навистина многу, многу изненаден што сме тука“, им рече Хамилтон на новинарите во медиумскиот центар Алберт Парк во четвртокот, еден ден пред да почнат слободните тренинзите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK