FIA го претстави логото за новата сезона од најпопуларното авто-мото натпреварување, шампионатот на Формула 1.
Логото е слично на минатогодишното со значителна разлика во тоа шо новото го содржи и бројот 70 со што се означува 70 годишнината од формирањето на ова натпреварување.
Првата трка од ова натпреварување се одржа во 1950 година, а во меѓувреме овој шампионат оствари голема еволуција, како од технолошка, така и од организациска гледна точка.