Иако пред некој месец беше објавен календарот на трки за следната година во кој беше предвидено 21 трка, сега се најавени нови измени.
Во меѓувреме календарот се прошири за дополнителни две трки, а сега се размислува за додавање на уште една.
“Очекуваме да следната година ќе имаме календар со 24 трки, а веројатно ќе ротираме и неколку други трки како би можело да примиме неколку нови партнери” изјави извршниот директор Чејс Кери. Со неговата изјава се потврди дека календарот е далеку од конечен иако претходно така се твредеше.
Во моментов потврдени се 22 трки и тоа во: Австралија, Бахреин, Кина, Шпанија, Монако, Азербејџан, Канада, Франција, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Холандија, Италија, Индонезија, Русија, Јапонија, САД, Мексико, Бразил, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.