Новото продолжение од анимираниот филм Cars 3 е блиску до појавување во кината. Премиерата е закажана за 16 јуни, а веќе има и неколку трејлери во кои се гледа кој карактер ќе биде застапен и кој ќе го позајми неговиот глас.
Како и секогаш Лајтнинг Меквин ќе го позајми гласот на Овен Вилсон, а Кристела Алонзо ќе го синхронзира карактерот Круз Рамирез. Следната генерација на тркачки возила што ќе се појават ќе биде Џексон Сторм, а неговиот глас ќе биде на Арми Хамер.
Но, сигурно еден од најинтересните карактери што ќе се појават ќе биде и гласот на Луис Хамилтон, трикратниот светски првак во Ф1. Тој ќе го глуми Хамилтон, помошникот на Круз Рамирез што ќе му помогне на Лајтнинг Меквин на тркачката патека.
Во новиот филм главната тема ќе биде ненадејното отстранување на Лајтнинг Меквин од спортот во кој ќе владеат некои други тркачи. А потао тој се враќа на сцената благодарение на неговиот техничар Круз Рамирез.