Ф1 сезоната може да почне во јули и да трае до јануари 2021

ОБЈАВЕНО НА:

Вообичаено е сезоната во Ф1 да се вози во тековната година, но поради корнавирусот оваа можно е да биде поинаква. Се уште нема извозено ниту една трка, последната што е откажана е трката во Канада, што беше планирано да се вози на 14 јуни. Но, од Ф1 се уште работат на плановите кога би можело првенството да почне и до кога би траело.

Сега новата прогноза е трките да почнат да се возат од јули и да се возат до јануари 2021 година. Според шефот на Ф1, Рос Браун можно е токму во Европа во јули да почне новата сезона со што би имало време за вкупно 19 трки.

Досега се откажани трките во Австралија, Виетнам, Кина, Шпанија, Бахреин, Кина, Холандија, Канада и Азербејџан.

„Ја разгледуваме организациската структура што ќе ни овозможи најран почеток на сезоната. Но, исто така и можноста да се одржи тој старт. Нема смисла да се започне и потоа да застане повторно некое време. Најверојатно стартот ќе биде во Европа. Замисливо е дека може да се работи и за затворен настан “, рече Рос Браун за Sky Sports.

Тој додаде дека треба да има најмалку осум трки за СП според Статутот на ФИА. Ако се случи полошо и спортот не можеше да започне до октомври, осум трки сепак може да се одржат.

„Но, тогаш секогаш постои можност да ја искористиме следната година. Ова е истражено. Можеме ли да влеземе во јануари за да ја завршиме сезоната? Постојат секакви компликации, како што можете да замислите, со тоа “, рече Браун. „Ако бевме во можност да започнеме на почетокот на јули, можевме да направиме сезона од 19 трки. Би било тешко – три трки па еден слободен викенд, три трки па еден одмор за викенд. Ги разгледавме сите логистики и мислиме дека можеме да одржиме сезона од 18-19, ако можеме да започнеме на почетокот на јули. Изборот е помеѓу овие два броја“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK