Евтините кинески електрични велосипеди ја преплавија Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Увозот на кинески електрични велосипеди во Европа се зголеми од речиси нула велосипеди во 2010 година на околу 800.000 во 2017 година, според податоците на Европската асоцијација на производители на велосипеди. За компаниите ова е лоша вест и тие презедоа одмазнички мерки. Здружението поднесе жалба до Европската комисија во понеделникот, обвинувајќи ги кинеските производители на е-велосипеди за дампинг цени, објавија СНН.

Во жалбата се тврди дека субвенциите што ги нуди кинеската влада им дозволи на кинеските производители да продаваат електрични велосипеди во Европа по пониска цена од трошоците за производство. Кинеските е-велосипеди се продаваат за само 450 долари во Европа, а локалните производи обично чинат помеѓу 1500 и 2000 долари.

Велосипедите на батериите се новост во Европа. Но, тие се голем бизнис во Кина, каде што продажбата скокна од околу 1 милион годишно на крајот од минатиот век, на повеќе од 30 милиони во 2016 година.

Аналитичарите сметаат дека сега има меѓу 150 и 200 милиони електрични велосипеди на кинески патишта. Во последниве години, сепак, растот на продажбата опадна, главно поради појавата на услуги за споделување.

Затоа кинеските производители сега ја насочуваат својата стока во Европа. Според Европската асоцијација на производители на велосипеди, овој увоз “ќе го уништи европското производство” ако не се преземат итни мерки.

Глобалната продажба на електрични велосипеди се очекува да се зголеми од 15,7 милијарди долари во 2016 година на 24,3 милијарди долари до 2025 година, според студијата на Navigant.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK