Европските производители на автомобили сакаат државна помош

ОБЈАВЕНО НА:

Производителите на автомобили од Европа сакаат да добијат помош од државата за градење на пунктови за полнење на ел ектрични превозни средства и да им овозможат субвенции на корисниците така што ќе ја стимулираат продажбата на автомобили со батерии. Таков чекор ќе и помогне на индустријата против потребата да се придржуваат на нови правила за емисијата на штетни гасови.

Германските производители на автомобили ги забрзуваат своите планови за пуштање на електрични превозни средства што се случува под притисок од потребата на Европската унија да ги намали емисиите на CO2 за 37,5% во периодот од 2021 до 2030 година, а притоа да се намалат за 40% во периодот од 2007 до 2021 година.

Раководителите на индустријата предупредија оваа недела на саемот во Франкфурт дека европските правила може да се покажат како погубни за заработувачката и за работните места бидејќи клиентите генерално не купуваат електромобили.

„Нашата индустрија е нетрпелива најбрзо што може да премине кон мобилноста со нулта емисија на штетгни гасови. Сепак, оваа транзиција е со заедничка одговорност“, вели главниот извршен директор на PSA Group, Карлос Таварес.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK