Европските пристаништа се „полни со електрични возила кои чекаат купувачи“

ОБЈАВЕНО НА:

Германските Бремерхавен и Емден или Зибриж во Белгија се огромни пристаништа за претовар на автомобили. Но, нивните паркинзи се полни со кинески електрични автомобили – и тоа не само затоа што има помалку купувачи.

Гледано низ очите на шпедитерите, автомобилите се посебна стока. Од една страна, тие не се толку гломазни како атомски реактор или нафтена платформа, но сепак се премногу големи за да бидат наредени некаде. А тие дефинитивно не можат да се „товараат со лопата“ како јаглен или пченка, каде што никој нема да забележи ни најмала гребнатинка или вдлабнатина на лимот.

Ова значи дека на секој автомобил му требаат околу 10 квадратни метри простор дури и кога само стои таму и го чека следниот чекор. И ова станува проблем за пристаништата специјализирани за транспорт на автомобили, како во Германија Емден и уште поголемите, Бремерхафен.

Емден е првенствено пристаништето на концернот Volkswagen, а Бремерхавен е едно од најголемите пристаништа од ваков вид во целиот свет.

„Сите познати шпедитери на автомобили редовно го користат нашето пристаниште и повеќе од 1.000 CarCarriers се закотвуваат тука секоја година“, вели Јулија Вагнер од BLG Logistics Group во Бремерхавен. Тоа значи над 1,7 милиони возила годишно, а „капацитет за складирање“ – што во овој случај едноставно значи колку автомобили може да собере паркингот – е околу 70 илјади возила.

Но, гледаат и како се сменија работите во пристаништето, од лани:
„Подолго време таму имавме 80 проценти од автомобилите за извоз и утовар, а 20 проценти за увоз и истовар. Но, во меѓувреме тој сооднос е околу 50-50“, ни вели портпаролката за логистика. Но, во пристаништето има и се повеќе автомобили, исто како во двојно поголемото пристаниште Бремерхавен, во белгиското пристаниште Зибриж.

„Проблемот не е само во обемот на увезени автомобили, туку пред се во недоволно брзо изнесување од пристаништето.

Електричните автомобили во Германија потешко наоѓаат купувачи и седат подолго во пристаништето откако се укинаа државните субвенции за граѓаните за нивно купување. Цела низа други причини за ваквото акумулирање на е-автомобили во пристаништето. Промена има и во начинот на продажба, каде што се повеќе производители „нудат директна продажба на клиентите, па автомобилот останува на пристаништето, а не во салонот на застапникот“.

Дополнително, зголемен е вкупниот број на автомобили што минуваат низ европските пристаништа. Мора да се признае, нивото пред корона сè уште не е достигнато, но има значително повеќе возила отколку за време на пандемијата во 2020 и 2021 година. Проблем е и недостатокот на возачи во шпедицијата за копнен транспорт, па сите тие автомобили потоа остануваат со ги во пристаништето уште подолго.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK