понеделник, 25 декември, 2025 година

Европскиот автомобилски пазар со пад од 55% во март – само две земји во „плус“

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Последните податоци кои се објавени од страна на Асоцијацијата на автомобилски производители во Европа (АСЕА) покажуваат дека регистрациите што биле направени на новите патнички автомобили во Европа во март имаат пад од 55,1% до ниво од 567.308 возила (1.264.569 во март во 2019 година, но и со податоци за Велика Британија).

Резултатот за првите три месеци од 2020 година, пак е на ниво од 2.480.855 примероци или со 25,6% помалку во споредба со истиот период од минатата година.

- Advertisement -

Од АСЕА коментираат дека во позадина на пандемијта со коронавирусот и наложувањето поради неа да се затворат голем дел од европските пазари, на секој од пазарите се забележува пад во бизнисот. Најсериозно е во Италија, каде во март е забележан пад од 85,4проценти во побарувачката на нови автомобили.

Стравувањата во индустријата во однос на падот во март се забележани исто така и во Франција (-72.2%), Шпанија (-69.3%) и Германија (-37.7%).

По завршувањето на првиот квартал од годината, единствените две земји со подобрување во бизнисот во споредба со минатата година се Кипар (+5%) и Луксембург (+5.2%).

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја