Европската унија во акција – Од 1 септември нема местење на емисија на штетни гасови

ОБЈАВЕНО НА:

Иако веќе е добро познато, добро е да се потсетат сите уште еднаш дека во 2015 година Volkswagen беше „уловен” како ги мести емисиите на штетни гасови кај дизел возилата. Во тест центрите имаше посебен софтвер кој ги оневозможи ниските емисии на штетни гасови. На автомат, меѓутоа емисиите се многу поголеми.

Потоа и други производители беа фатени како мамат, по што се разви голема дебата дали автомобилите испуштаат навистина онолку шттенигасови колку што декларират производителите Судовите во многу земји донесоа пресуди во корист на сопствениците кои ги тужеа производителите.

Европската унија од 1 септември годинава и формално не дозволува таков лов во матно односно ќе направи сè такво нешто да не се повтори. На сила е новиот пропис по кој сите модели кои ќе се продаваат на пазарот на Европската унија ќе мораат да минат низ ригорозни тестирања на емисија на штетни гасови. Сепак, големиот новитет е дека тестирањата на случаен примеро ќе се спроведуваат и во секоја од земјите членки на Европската унија.

Имено, ќе се тестира барем едно од продадените 40.000 возила на некој пазар. За државите со мал број на регистрации годишно ќе мора да се спроведуваат барем пет тестови. Од тие тестови 20 проценти ќе мора да се однесуваат на емисиските тестови во реални услови на автопатот.

Европската комисија исто така има право во кој било момент да тестира кое било возило… Казните за местење на емисии на штетни гасови ќе бидат астрономски и ќе изнесуваат 30.000 евра по автомобил што во случајот на повеќе илјади автомобило може да биде голем трошок за произведувачите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK