Спојувањето на FCA и PSA кое треба да направи тектонски промени во автомобилската индустрија ќе зависи од регулаторната комисија при Европската Унија.
Ова антимонополско тело на Европската Унија треба најдоцна до 17 јуни да донесе одлука за тоа дали го одобрува или не ова спојување.
Откако во декември минатата година двете компании го потпишаа договорот за спојување, изминатите неколку месеци активно работеа на плановите за спроведување на ова спојување, но се може да биде залудно доколку оваа регулаторна комисија не даде зелено светло.
Со спојувањето на двете компании ќе го оформи еден од најголемите светски производители на автомобили поседувајќи ги брендовите: Fiat, Jeep, Chrysler, Alfa Romeo, Abarth, Dodge, Ram, Maserati, Peugeot, Opel, Vauxhall , Citroen и DS со што на одредени пазари како на пример Италија пазарното учество би можело да надмине и над 60%.