Сопствениците на идните AMG модели нема да уживаат во расниот звук на моторите со педигре, поточно во тоа нема да ужива нивната околина. Поради новите европски регулативи звукот од издувниот систем мора да биде потивок, а тоа важи и за AMG, како и за неговите конкуренти.
Шефот на планирање на производите на Mercedesa-AMG, Бастијан Богешуц изјави дека сите пазари се погодени со промените во Европа. Имено, би било премногу скапо да се развиваат издувни системи пособно за секоја земја или регион. Регулативата ќе станува сè построга на секои две години, што дополнително ги комплицира работите.
Првите два модели кои ќе го добијат „тивкиот“ третман се Mercedes-AMG A45 S и Mercedes-AMG CLA45 S, двата за 2020 година. Европските бирократи не сакаат да слушнете како навистина звучи „најсилниот светски четицилиндраш“.
На новите правила AMG ќе им се „спротистави “ така што ќе ја засили звучноста во внатрешноста од кабината. Компанијата додава лист перформанс AMG звук, кој од вистинскиот извлекува ноти и ги насочува во кабината.
Системите кои имитираат звук од „ауспух“ и мотор не се ништо ново, како и некои други креативни начини да се засили возачкото искуство. Солуцијата не е идеална, но е подобро нешто отколку ништо.
Додека европската регулатива ќе ги замолчува AMG Моделите, развиениот резервен пазар во понудата има сè што може срцето да ви посака. Звукот е неодолив дел од возењето и ништо не може да го замени. Сепак, времињата се менуваат, што значи дека производителите ќе мораат да ги почитуваат новите правила.