Европската премиера на BMW Z4 закажана за во Париз

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред некоја недела се појавија првите фотографии за новата генерација на BMW Z4, германскиот производител излезе со потврда за местото и датумот за американската и европската премиера.

Така, светската и американската премиера ќе се случи на Concours d’Elegance Pebble Beach настанот во САД закажан за 26 август годинава. Европјаните ќе ја имаат можноста премиерата на овој модел на “Стариот континент” да ја погледнат на претстојниот саем за автомобили во Париз кој ќе се одржи на почетокот на октомври.

Засега останува непозната почетната цена на овој модел. Сепак од “шпионските” фотографии објавени пред некоја недела, може да се забележaт значајни екстериерни промени.

“Бубрезите” карактеристични на БМВ се многу големи, а “мрежата” зад нив потсетува на класични модели. Фаровите се заострени, а за првпат во BMW наоѓаме светла за дневно возење, една над друга, а не една до друга. Визуелно, автомобилот потсетува на Z8, но има сличности со Mercedes-AMG GT.

Повеќе за оваа нова генрација на BWM можете да прочитате ТУКА.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK