Jaguar Land Rover преку својата американска компанија Jaguar Land Rover Automotive Plc ја започна “војната” со Volkswagen Групацијата.
Имено оваа компанија пред надлежните судови во САД отвори постапка во која го тужи германскиот прозиводител за незаконско користење на иновацијата која е во нивна сопственост.
Според пишувањата на американските медиуми, британскиот производител веќе побарал да се забрани продажбата на сите SUV модели од брендовите на Porsche, Lamborghini, Audi и Volkswagen во САД, поради користење на патентираната Terrain Response технологија, без дозвола на JLR.
“JLR сака да се заштити себе си и своите активности во САД од компаниите кои ги имплементирале производите кои ги кршат авторските права на американскиот пазар, и кои без дозвола на JLR ја користат технологијата која ја разви токму JLR, а која е заштитена со патент” изјави Метју Мур, ангажираниот адвокат од страна на JLR во овој спор.