Европската асоцијација на потрошувачи Еуроконзумерс, го претстави годишниот извештај за задоволството на потрошувачите од автомобилите.
При тоа, за најдоверлив бренд е избран Lexus кој втора година по ред се најде на првата позиција. На првата позиција јапонскиот бренд заврши со скор од високи 97%.
За овој резултат најголем придонес имаа моделите NX 300h, IS 300h и CT 200h кои се најдоа во топ 10-те најдоверливи автомобили во поглед на безбедноста, квалитетот, трајноста, исплатливоста и сигурноста.
Во истражувањето учество земале околу 43 илјади потрошувачи од Белгија, Франција, Италија, Португалија и Шпанија кои имаа за задача да оценат повеќе од 400 модели на 37 производители. Покрај Lexus, на врвот на листата се најдоа и Porsche, Audi и Honda.