Статистиката изготвена за првата половина од 2018 година покажа интересни бројки, кои велат дека половина од електромобилите продадени во Западна Европа се од средниот или од понискиот сегмент на цени. Сè уште овој сегмент е со доста поместливи граници и во него влегуваат неколку различни модели како Nissan Leaf, VW e-Golf и BMW i3.
Посочувањето на овие три модели не е случајно. Тие држат 40% од продажбата на сите електромобили во западниот дел од Стариот континент.
Кај помалите и субкомпактните електрични модели најпродавани се електричниот Smart и Renault Zoe, а во премиум класата лидер е Tesla Model S. Кај СУВ моделите и кросоверите најпродаван е Model X на Tesla. Што се однесува до комерцијалните возила, таму на лидерското место е e-NV200 на Nissan.
Аналитичарите предвидуваат доста интересни поместувања на пазарот за електромобили во Европа и тоа во сосема блиска иднина бидејќи се очекува лансирањето на многу нови СУВ модели и кросовери, како и настапувањето на пазарот на Model 3 на Tesla.