Долго време Европа беше место каде најмногу се продаваа дизелски мотори. Но, тоа не е вeќе така, според последните податоци од продажбата на нови автомобили според Jato Dynamics. Европскиот пазар е паднат за 7,1 отсто, но кај дизелските мотори тој пад е двоцифрен – 15 отсто само во април 2017.
Во април 2016 година едно од две продадени возила во Европа биле дизелски. Минатиот месец 46 отсто од продажбата отпаѓала на дизелски мотори, што значи дека тие повеќе не се доминантни мотори при продажбата.
Во објаснувањето за ваките податоци се вели дека влијание имал и скандалот дизелгејт, бидејќи од 2015 година кога истиот изби, продажбата се намалува, а и секоја држава воведува се построги прописи за дизелските мотори. Од друга страна и медиумите сѐ повеќе советуваат да се избегнува купувањето на дизелски возила, и сѐ повеќе се форсираат електричните и хибридни возила, кои стануваат сѐ пораспространети.
Volkswagen Golf останува на врвот во ЕУ по продажбата, а продажбата е опадната за 28,1 отсто, додека падот кај моделот Polo е 11,4 отсто и се наоѓа на третото место. На второ место се наоѓа Renault Clio.