Европа не попушта: Останува забраната за продажба на возила на фосилно гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Европската унија останува на својата одлука да ја забрани продажбата на нови автомобили со мотори на фосилни горива, вклучувајќи дизел и бензин, од 2035 година.

Оваа одлука, која е клучна во транзицијата кон електрични возила, беше потврдена и во интерните документи подготвени за следната расправа во Европскиот парламент, каде ќе се разговара за климатските цели и иднината на автомобилската индустрија.

И покрај можните критики и предизвици, ЕУ не планира да го промени овој план, нагласувајќи дека предвидливоста е клучна за инвеститорите и производителите на автомобили, за да можат да се прилагодат на новите стандарди и да ги пренасочат своите инвестиции кон развој на електрични возила.

„Иднината на автомобилската индустрија е електрична“, рече Леоноре Гевеслер, австриска министерка за клима и енергија, која предупреди дека Европа може да заостане во технологијата доколку не инвестира во транзицијата кон одржливи технологии.

Европската комисија очигледно стои зад планот да се продаваат само возила со нулта емисија до 2035 година. Оваа одлука има за цел да ги намали емисиите на јаглерод диоксид и да се бори против климатските промени, а автомобилската индустрија ќе мора брзо да се прилагоди за да ги исполни овие строги еколошки стандарди.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK