Европа има потреба од 1.000.000 нови станици за полнење до 2024 година

ОБЈАВЕНО НА:

Во заедничка изјава, три европски организации: Асоцијацијата на автомобилските производители на Европа (АСЕА), T&E (Transport & Environment) и BEUC (European Consumer Organisation), ги повикаа комитетите на Европската унија одговорни за климата, транспортот, индустријата и енергијата да ја искористат оваа година на можности за измена во законот Alternative Fuels Infrastructure, бидејќи има потреба од 1.000.000 јавни станици за полнење на електромобили на териториите на блокот до 2024 година и на 3.000.000 до 2029 година.

Во соопштението се посочува дека поставувањето на такви цели ќе испрати силен сигнал кон корисниците, дека бројот на станици за полнење ќе се зголеми заедно со зголемувањето на продажбата на електрични автомобили во Европа.

Покрај дополнителната безбедност по темата за електрификација на автомобилскиот парк, оваа иницијатива ќе открие и 1.000.000 работни места во регионите.

„Ако сме сериозни по оваа тема за глобалното затоплување, треба да се електрифицираме брзо. За да ја забрзаме транзицијата ни треба сеприсутно и лесно полнење не само во Норвешка и Холандија, но и во цела Европа“, вели Вилијам Тод, извршен директор на T&E.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK