Електрификацијата, без разлика дали станува збор за погон со електричен мотор или plug-in хибриден, полека, но сигурно станува се попопуларна. Речиси сите брендови веќе претставија или планираат да претстават модели на еколошки погон.
Последни модели во низата кои добија plug-in хибриден погон се Range Rover Evoque и Land Rover Discovery Sport.
Двата модели доаѓаат со додавка P300e. Располагаат со нов трицилиндарски трубобензински мотор со 200 КС и дополнителни 110 КС кои произлегуваат од електромоторот. Тоа значи дека располагаат со вкупна моќност од 310 КС при вртежен момент од 540 Nm. Тука е и новиот осум степен автоматски менувач.
Во однос на потрошувачката, првиот модел троши 1,41 литар на 100 км додека вториот 1,61 литар на исто толку поминати километри.