Еволуцијата на Jeep Wrangler – од воено возило до вистинска икона

ОБЈАВЕНО НА:

Дефинитивно еден од најпопуларните SUV возила во историјата е Jeep Wrangler. Овој модел кој се појави во 40-те години на минатиот век е единствениот кој успеа да опстои повеќе од 75 години на пазарот.

Замислен како исклучиво воено возило, овој SUV се до 1986 година се произведувал за потребите на војската на САД и останатите земји. Сепак токму оваа година започнува и широката комерцијализација која опфаќа производство на неколку моделски изведби кој подоцна се произведуваат во фабриките на Jeep во Канада, САД и Иран, а денес се произведува само во САД.

Како се изгледала еволуцијата на овој легендарен модел можете да погледнете на видеото во продолжение, на која е прикажана еволуцијата односно развојот од 1940 година па се до денес.

Само во САД во последните три години овој модел годишно се продава во нешто над 200 илјади примероци, а на глобални ниво бројката достигнува речиси 300 илјади.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK