Еве зошто велосипедистите треба да ги почитуваат семафорите (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Многу често одредени учесници во сообраќајот се чувствуваат попривелигирани во сообраќајот, па поради тоа си дозволуваат да не ги почитуваат сообраќајните закони вклучувајќи ја тука и хоризонталанта и вертикална сообраќајна сигнализација.

Последниот настан кој треба да послужи како поука за сите разгалени возачи доаѓа од Зеленоград, град во близина на руската престолнина Москва. Русите имаат традиција да поставуваат камери во автомобилите и да го снимаат сообраќајот. Затоа и многу често се појавуваат различни виде од чудни и необични ситуации на нивните патишта.

Имено како што може да се види од видеото објавено на YouTube, велосипедист поминува помеѓу автомобилите кои чекаат на семафор, и без проблем поминува на црвено. Сепак, за негова несреќа на него налетува BMW X3 кој сосема прописно поминува на зелено по што го удира велосипедистот.

Вината во целост е кај велосипедистот, а за негова среќа се здоби со неколку помали скршеници.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK