Непрегледноста при претекнувањето и промената на коловозната лента се честа причина поради настанување на сообраќајна незгода.
Тука пред се се мисли на мртвиот агол кој е тежок за надгледување. Токму и тоа е и причината за една сообраќајна незгода во која учествуваше пик-ап RAM, а која се случи во Далас, САД.
Имено при обид да ја промене коловозната лента пик-апот удри во предниот дел на автомобил, а веднаш потоа и во заштитната, бетонска ограда.
Многу малку фалеше возачот да падне од мостот, но на крајот за среќа се заврши само со материјална штета.
Како изгледаше сето тоа погледнете на видеото во продолжение.