Еве што Ангела Меркел мисли за VW ID.3

ОБЈАВЕНО НА:

Ангела Меркел го посети саемот во Франкфурт. Таа посети неколку штандови, а најголемо време потроши на штандот на Volkswagen.

Меркел имаше можност одблиску да се запознае со електричниот ID.3, а ова возило и го презентираа Ралф Брандштетер и Херберт Дис, првиот човек на германскиот производител.

“Многу добар, многу простран!” беше констатацијата на најмоќната државничка во светот откако седна на возачкото седиште на авотмобилот. Таа при тоа се распрашуваше за техничките карактеристики на овој автомобил и електричниот погон.

https://youtu.be/uEqbJxSwD9I

Продажата цена на овој модел со основното ниво на опременост и најмал капацитет на батеријата изнесува нешто над 30.000 евра, додека оној, со максимален капацитет кој овозможува домет од 420 километри изнесува 40 илјади евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK