Еве колкaва милионска плата зема новиот директор на Renault

ОБЈАВЕНО НА:

Renault во јануари конечо го назначи Лука де Мео како долгорочна замена за испразнатата позиција извршен директор откако Карлос Гон беше разрешен од оваа позиција.

Искусниот Италијанец во Renault доаѓа откако претходно ја извршуваше истата позиција во Seat, а претходно работеше и во Lancia, Fiat, Alfa Romeo како и Abarth.

Но, дали знаете колкава плата ќе добива од Renault за извршување на неговите работни задачи?

Според интерната документација, оваа година тој ќе добие фиксна плата од 1,3 милиони евра, но веќе од следната година ќе иа можност да добие и до 150% повеќе на основицата од оваа година. Исто така еднократно доби и 75 илјади акции во францускиот производител.

Само за споредба, неговиот времен претходник, Тиери Болор, добивaше годишна плата од 900 илјади годишна плата и еднократо, 50 илјади акции.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK