Новите строги регулативи поврзани со емисијата на штетни гасови што ги испуштаат автомобилите придонесоа да авто производителите ширум светот ги здружат силите со цел да ги одбегнат потенцијалните казни.
Вистински пример за ова е договорот помеѓу FCA и Tesla со кои италијанско-американскиот производител ќе ги избегне мултимилионските евра казни поради штетните честички.
Според најновите европски регулативи автопроизводителите во просек треба да имаат 95 грами емисии на издувни честички по километар по модел. Овој праг не е исполнет од страна на FCA па оттука со цел да се намали просекот автомобилите на Tesla се вбројани како дел од понудата на FCA.
За возврат американскиот производител според постигнатиот договор ќе добие неколку милиони евра, а неофицијално повеќето медиуми шпекулираат со суми и до 100 милиони евра.