Изминатиот период на екстремниот тест на Северен елен свое претставување, а воедно и тестирање имаа автомобилите Mazda CX-30 и Tesla Model 3.
CX-30 го помина тестот, но не со одлични перформанси. Овој автомобил покажа способност за нагло избегнување на неочекувани препреки на патот како што се диви животни, а при тоа возачот покажа одлична контрола над автомобилот.
При брзина од 77 км/ч, овој автомобил генерално ги помина сите препреки со неколку мали киксови.
Далеку подобро помина моделот 3 на Tesla кој успешно ги помина сите бариери и при брзина од 83 км/ч. При тоа пролизгувањето беше минимално.
Инаку овој тест важи за најекстремен во автомобилската индустрија, а многу производители и не учествуваат на истиот.
За потсетување, пред само неколку месеци овој тест неуспешно го помина Toyota RAV4.