вторник, 25 декември, 2025 година

Еве како алуминиумската фолија може да спречи кражба на вашето возило

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Иако на прв поглед напредната технологија која се вградува во денешните автомобили влијае позитивно врз зголемување на безбедноста и сигурноста на возилата, сепак тоа не е така. Напредната технологија не ја намалува можноста од кражба, а за тоа доказ се бројните кражби во кои украдени се ултра луксузни автомобили вредни по неколку стотици илјади евра.

Новиот метод на крадците подразбира користење на релејни уреди кои можат да ги отчитаат сигналите на клучевите на автомобилите. Сето тоа е возможно од пристојна одалеченост, па така сосема доволно е крадците да стојат пред влезната врата на вашата куќа или стан и да успеат да го отчитаат сигналот кој истовремено го насочуваат кон возилото.

- Advertisement -

Но како да се заштите од овие многу лесни кражби? Се што треба да направите е да спречите отчитување на сигналите од вашите клучеви, а тоа е многу едноставно. Се што ви е потребно е алуминиумска фолија. Земете парче од фолијата и обвиткајте го вашиот клуч.

За ова решение, поранешната агентка на FBI, Холи Хубер изјави дека истото не е идеално, но е најефтин и наједноставен начин за заштита.

На овој начин, како што пренесуваат медиумите од Англија, минатата година се украдени дури 89 илјади возила што значи дека на секој еден час се крадат по 10 автомобили.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја